Општинскиот кризен штаб побара од Владата воведување кризна состојба во Куманово

Од:

Општинскиот кризен штаб Куманово на денешната 17-та седница побара од Владата да прогласи кризна состојба во Куманово и да воведе посебен контролен режим на влезовите и излезите од градот.

– Бараме од Влада на Република Северна Македонија да прогласи кризна состојба во Општина Куманово и да воведе посебен контролен режим на сите влезови и излези во градот со контролни пунктови, со цел да се примени Акцискиот план на Центарот за управување со кризи и спречување на несакано ширење на епидемија вон и кон градот- се вели во соопштението на штабот.

Од општинскиот кризен штаб ги повикаа станбените домари да извршат дезинфекција на заедничките простории на зградите.

Повикувајќи се на законските одредби согласно Законот за домување каде е наведено дека управителот има право и обврска да се грижи за редовно одржување и функционирање на заедничките делови, од Општински штаб за заштита и спасување бараат во целост да се испочитуваат законските регулативи, особено вршење на дезинфекција, од страна на управителите на станбените згради на територија на општината

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци