Итна Помош од Куманово апелира граѓаните да не ја злоупотребуваат службата за посета на хронично болни пациенти кои не се во животозагрозувачка состојба

Од:

Граѓаните да не ја користат Итната Помош Куманово за посета на пациенти кои не се во животозагрозувачка состојба, бидејќи службата сега е ангажирана и за превоз на заразени од Ковид 19 до Инфективната клиника во Скопје и до инфективното одделение во Куманово, апелираат од Итна Помош Куманово.

Во денешното соопштение оттаму препорачуваат граѓаните, хронично болните пациенти редовно да ја користат препишаната терапија од матичните лекари и специјалисите и нагласуваат дека во овој период примаат повици само за животно-загрозувачка состојба. Од Итна Помош Куманово апелираат граѓаните да не ја злоупотребуваат службата за посети на хронично-болните лица кои си користат терапија, за пациенти кои се во изолација, а не им е загрозен животот и додаваат дека транспортот до инфективното одделение се врши само по препорака од доктор епидемиолог.

– Итна медицинска помош моментално располага со осум лекари, по двајца во смена и три санитетски возила од кои една екипа и едно возило се користи за транспорт на пациенти позитивни на Ковид 19 до инфективно одделение во Куманово или до Инфективна клиника во Скопје поради што, некогаш Итна медицинска помош останува со една екипа и мора да врши селекција на повици, се вели во соопштението на Итна Медицинска помош.

Оттаму замолуваат за разбирање, ги повикаа граѓаните да останат дома и да го чуваат сопственото и здравјето на другите. Итна помош Куманово ги покрива и подрачјето на соседните општини и територија со околу 130.000 илјади жители.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра