Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлози за издавање казнен налог против девет лица за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информираат од Јавното обвинителство.
Во одделни кривично правни настани, се вели во соопштението на Јавното обвинителство, обвинетите на 29.03.2020 година за време на полицискиот час со возила се движеле низ градот.
– Со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест Ковид-19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија, велат од гостиварското Обвинтелство.
Надлежен јавен обвинител му предложи на Основниот суд во Гостивар да изрече парична казна за секој од обвинетите во висина од по 100 дневни глоби.