МВР: Безбедносната состојба во Дебар и Центар Жупа стабилна

Од:

Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба. Во рамки на предвидените мерки во оперативниот план, полициските службеници ги реализираат мото-патролите низ градските средини и приградските населби. Притоа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди.

Изминатово деноноќие, како што соопшти МВР, во периодот од 7 часот вчера до 7 часот денеска, едно лице од Дебар не ја почитувало забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирусот Ковид-19. Против него, како што соопшти Министерството, ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во Дебар се извршени 29 контроли на евидентираните лица со решение за изолација, а истовремено се евидентирани 15 нови лица во самоизолација и спроведени се 95 контроли врз лицата во самоизолација.

– Непречено се одвива процесот на извлекување на лицата кои изминативе 14 дена беа во самоизолација, а денеска од Дебар ќе биде извршен спровод на две лица. На терен, без проблем се одвиваат активностите кон лицата што се ставени под мерки за самоизолација, здравствен надзор и домашна изолација. Во општините Дебар и Центар Жупа успешно се спроведуваат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831 051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти, се наведува во соопштението.

Од МВР потсетуваат дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Оттаму апелираат до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана на движењето од 21 до 5 часот секој ден, како и дисциплинирано да се придржуваат до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на коронавирусот, а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници.

– Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР