Играчот од средниот ред на Челзи, Вилијан го сподели своето мислење за успешните настапи на Ливерпул и на Манчестер сити во последните неколку години.
– Мислам дека тајната за нивниот успех е во континуитетот. Нивните тренери работат со тимот три, четири, пет години. Кога имате стабилност, можете да освоите титули. Тие освоија голем број важни победи кои укажуваат на зрелоста на нивните тимови. Потребно е време за да се постигне тоа. Тимот останува ист, само еден или двајца играчи се сменија, изјави Вилијан.
Тоа не е случај и во неговата екипа.
– Челзи многу се смени. За седум години имав пет различни тренери и филозофии. Но, и покрај тоа, успеавме да освоивме трофеи, затоа што Челзи има своја специфика. Ние сме различни од нив и така функционираме, потенцира Бразилецот.