Принцот Чарлс, кај кого беше констатиран коронавирусот, излезе од самоизолација и добро се чувствува.
Како што наведуваат од Палатата, наследникот на круната се опоравува добро.
Кај Принцот Чарлс минатата седмица беше дијагностициран коронавирусот. Војвотката од Корнвол, Камила исто така беше тестирана, но беше негативна.
Принцот, вирусот го добил за време на еден од неговите многу контакти во последните неколку недели.