Лидерите на ЕУ на видеосамит за кризата со корнавирусот, се очекува и потврда за преговорите со Скопје и Тирана

Од:

Европските шефови на држави и влади во четири часот попладнево ќе се состанат преку видеоконференција за редовниот пролетен самит на Европската Унија.

Главна точка на дневниот ред ќе биде кризата со коронавирусот, неговите здравствени и економски последици и начинот на ЕУ планира да се справи со нив.

Европската Комисија како и Европската централна банка дадоа зелено светло за омекнување на финансиските и буџетските правила за земјите членки за да можат да ги преземат потребните мерки во наредните месеци и да го ублажат економскиот шок што следува.

На располагање се ставаат и солидарни фондови за справување со кризата, но остануваат отворени несогласувања и тензии помеѓу земјите, посебно во однос на некоордираноста на мерките во ЕУ. Додека одредени земји донесоа одлуки за стриктна изолација за да се спречи ширењето на вирусот, други, меѓу кои Холандија, остануваат на ставот дека е потребно да се изгради „колективен имунитет“, став кој оди против препораките на Светската здравствена организација.

На последниот видеосостанок на земјите членки на Еврозоната, Холандија исто така стави на знаење дека е против поголема економска солидарност во ЕУ во справувањето со последиците.

Земјите членки би требало, доколку имаат време, и да ги повторат заклучоците од последниот Совет за општи работи на ЕУ на кој е одлучено да се отворат преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Би можело да ве интересира

Орбан: Успеавме да ја спречиме ЕУ да ѝ објави војна на Русија

ЕУ со најголема побарувачка за кадар во продажба, маркетинг и производство

Европската Унија постави услов за деблокирање на руските средства

ЕУ минатата година потроши 25,2 отсто од својата енергија од обновливи извори

ЕУ конечно постигна договор за Украина – сепак Унгарија, Чешка и Словачка нема да учествуваат во аранжманот

Горан Наумовски

САД и европските сојузници подготвуваат безбедносни гаранции за мир во Украина