Сто дневни глоби казна за гостиварец за непочитување на полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог за лице кое вечерта на 24 март, по 21.00 часот управувало со патничко моторно возило по улиците на Гостивар, во период кога е на сила забраната за движење, информираат од Јавното обвинителство.

– Со тоа, обвинетиот за време на епидемијата на опасна болест Ковид-19 не постапил според прописите и упатствата со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на коронавирусот и го сторил кривичното дело „непостапување според здравстевни прописи во време на епидемија“, велат од Обвинителството во Гостивар.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар предложи на судот, на обвинетиот за стореното кривично дело да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.​

Би можело да ве интересира

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар