Фејсбук со намалена маркетинг продажба поради стравот од пандемијата

Од:

Од компанијата „Фејсбук“ соопштија дека појавата на коронавирус значително ја намалува продажбата на рекламирањето што претставува скоро целиот приход, дури и кога повеќе корисници поминуваат време на социјалната мрежа за време на домашниот карантин.

„Ние не заработуваме многу од услугите каде гледаме зголемен ангажман дури бележиме слабеење во бизнисот со реклами во земји кои преземаат „агресивни“ активности за да го намалат ширењето на вирусот“, се вели во изјавата на компанијата.

Акциите на „Фејсбук“ паднаа околу 1 отсто по неколку часа по порастот на 8,7 отсто во редовната трговија.

Компанијата соопшти дека пораките преку нејзините платформи се зголемиле за над 50 отсто во текот на минатиот месец.

Поточно, во Италија, корисниците поминуваат 70 отсто повеќе време на апликациите.

Изјавата на компанијата одекна еден ден претходно од објавата на компанијата Твитер, кој објави засилување на активноста од страна на корисниците, но предвидува оперативна загуба како резултат на пандемијата.

Би можело да ве интересира

Шокантно признание на Марк Цукерберг: Администрацијата на Бајден ми вршеше притисок да цензурирам содржини

Предраг Петровиќ

По 20 години постоење, Фејсбук има повеќе од три милијарди корисници

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ

Фејсбук го затвора делот за вести во Германија, Франција и Британија

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Канаѓаните немаат пристап до Фејсбук и Инстаграм