Ахмети: 24 март важен датум во нашата понова историја

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети денеска потенцира дека 24 март во нашата понова историја се запишува како важен датум за вести од Брисел. Ахмети им честиташе на граѓаните, за ова, како што се посочува, „извонредно достигнување со најискрените желби за што поскоро надминување на оваа ситуација за да ги засукаме ракавите и да се фатиме за работата што не очекува, како земја членка на НАТО и преговорач за членство во Европската Унија“.

Ова е сигурната иднина, без ниту едно колебање и двоумење, наведува Ахмети.

Во писмената изјава тој потсетува дека денес, како и во 1999 година, ни доаѓа надежна вест од Брисел дека Европската Унија одлучи да ги отвори преговорите за полноправно членство на нашата земја и Албанија.

– И ова е многу надежна и важна вест за сите нас, особено кога поминуваме тешки денови во соочување со заканата за здравјето на секој од нас. Во 1999 година, Северноатланската Алијанса ги започна воздушните напади против српските сили и заедно со народот и ОВК го ослободија Косово и потоа ја донесоа и независноста. Денес и оваа година, нашите политички и воени напори за отцепување од југословенската филозофија резултираат со тоа што го тежнеевме со децении. Вчера садевме за денес да жнееме. Процесот за членство во НАТО се заокружи, а вратата на Европа се отвори. Како орелот кој лета високо, без да го загуби во ниту еден момент погледот од целта, заедно успеавме, посочува лидерот на ДУИ.

Според него, оваа одлука е заслуга на граѓаните, и се остварила благодарение на нашата волја.

-И јас сум благодарен што вие се определивте вашата доверба да ни ја делегирате нам сите овие години, и како што сум ве уверувал постојано, ние нема да Ве разочараме никогаш, им порача Ахмети на граѓаните.

 

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Таравари: Ако има избори следната година, Ахмети во 2026 ќе бара нови

Катерина Ѓуровски