ОН ја повика Грција да не употребува сила против мигрантите на границата

Од:

Специјалниот известувач  на ОН за правата на мигрантите, Фелипе Гонзалес Моралес, ја повика Грција под итно да престане со насилните мерки врз мигрантите и лицата кои бараат азил на границата со Турција.

-Многу сум загрижен од информациите за одбивање на влезот  на лица кои бараат азил и мигранти, рече тој во Женева.

Специјалниит известувач потенцира дека ваквите мерки претставуваат  „нарушување на забраната за колективно протерување“.

Според Фелипе Гонзалес Моралес, Грција „ под итно треба да ја укине одлуката од 1 до 30 март да го запре пристапот до процедурата за добивање азил на луѓето кои илегално ја минале границата“. Според него, оваа одлука „нема правен основ во меѓународното право” и во случајов станува збор за  „камен темелник на правата на човекот и заштитата на бегалците”.

На крајот на февруари, по судирот со сириската армија во кој загинаа најмалку 36 турски војници, Анкара одлучи да не ги запира бегалците од Сирија кои се обидуваат да влезат во ЕУ.

ЕУ води преговори со Турција за надминување на ситуацијата и ветува поддршка за Грција, која е исправена пред нов бран бегалци.

Границата меѓу Турција и ЕУ е затворена за мигрантите уште од 2016 година, согласно договорот на Брисел и Анкара за безвизен режим, што, меѓутоа, не се воведе.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос