А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: Мери Јордановска
Македонија

(ВИДЕО) Филипче за починатата пациентка: Тестот за коронавирус не е секаде 100 процентно сензитивен

by Мери Јордановска22/03/2020 - 20:2122/03/2020 - 20:38729
Share0

Министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес-конференција изнесе детали во однос на 57-годишната пациентка од Куманово која е првата жртва на коронавирусот.

Следете a1on на Instagram Instagram

Податоците што тој ги добил од болницата во Куманово и од Институтот за јавно здравје се дека првпат пациентката дошла на преглед на 16 март, со покачена температура. Веднаш ѝ биле поставени епидемиолошките прашања, а таа одговорила дека не патувала во странство и немала контакт со лица кои патувале.

Утредентна, на 17 март, таа дошла со синот во болницата, а и двајцата имале покачена температура. Повторно, според Филипче, таа негирала дека патувала во странство и дека имала било каков контакт со лица од странство.

Следете a1on на Youtube YouTube

На 17 и 18 март мајката и синот примале терапија, а на 19 март таа била примена во болницата со нешто потежок наод.

„Направени се снимки, констатирана е пневмонија и двајцата се сместени во одделот за изолација. Тогаш и се земаат брисеви, на 19 март. Двата тестови биле негативни. Утредента, кај пациентката е земен уште еден брис, како што налагаат препораките на СЗО, кога постојат симптоми на коронавирусот. И тој тест бил негативен. Веќе на 21 март состојбата ѝ се влошува, направени се обиди за реанимација, но пациентката починува“, рече Филипче и изрази сочувство до фамилијата.

Посмртно, вели тој, повторно се земени материјали, и тестот за коронавирус бил позитивен.

„Претходно земените материјали повторни се преиспитани и утврдено е повторно дека се негативни. Консултиравме експерти, консултиравме литература, но тестовите не се секаде и секогаш 100 процентно сензитивни и тоа е докажано“, рече Филипче.

Тој истакна дека  во моментов се прави епидемиолошка анкета со сите здравствени работници и според кажувањата ќе се постапи согласно информациите, податоците, начинот на пристапувањето дали тие ќе одат во изолација или евентуално ќе се направат соодветни тестирања.

 

koronavirus mkdkumanovovenko filipce

Би можело да ве интересира

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 14:47

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски и би се борел против криминалната ВМРО

Катерина Ѓуровски04/05/2026 - 12:52

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски30/04/2026 - 16:0230/04/2026 - 16:03

Филипче: Ја напуштаме работата за Изборниот закон, спремни сме да ги искористиме сите демократски методи

Катерина Ѓуровски28/04/2026 - 14:0828/04/2026 - 14:41

(ВИДЕО) Филипче: Вајц го демантира Мицкоски, нема никаков напредок

Катерина Ѓуровски28/04/2026 - 12:3428/04/2026 - 14:08

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 15:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто