Пасторе: Невозможно е да се заврши сезоната во Серија „А“

Од:

Играчот од средниот ред на Рома, Хавиер Пасторе, направ мрачна претпоставка дека фудбалската сезона во Италија нема да заврши поради пандемијата на коронавирус.

Првенството во Серија „А“ беше прекинато по 26 кола и во оваа фаза не е јасно кога ќе продолжи.

– Според мое мислење, невозможно е да се доиграат останатите натпревари до крајот на сезоната. За да се вратиме во форма, ќе ни требаат 20-30 дена тренинг и ние го немаме тоа време. Јасно е дека клубовите ќе изгубат пари, но ако во некој момент го обновиме шампионатот, тоа значи дека ќе мора да го одложиме почетокот на новата сезона, а не можеме да си го дозволиме тоа, затоа што во летото 2021 година има Европско првенство и Копа Америка, изјави Хавиер Пасторе за „Радио Импакто“.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска