Во Албанија 13 нови случаи со коронаврус, вкупно 89

Од:

Со новопотврдените 13 случаи на коронавирус, бројот на заразените со овој опасен вирус во Албанија се зголеми на 89, од вкупно тестираните 804 лица.

До сега тројца од заразените се излечени, додека двајца почнаа. Според директорката на Институтот за јавно здравје Албана Фицо, во Инфектвната клиника во Тирана се хоспитализирани 43 лица

– Во последните 24 часа тестирани се 33 лица а кај 13 е дијагностициран Ковид-19.Од новозаразенте осуммина се од Тирана, по еден од Каваја и Драч и за првпат имаме и од Корча или тројца. Од вкупно заразените 58 отсто се мажи, а 42 отсто жени. Просечната возраст на вкупно позитивни случаи е 48 години, изјави директорката на Институтот за јавно здравје Албана Фицо.

Според неа во Инфектвната клиника во Тирана се хоспитализирани 43 лица со просечна возраст од 54 години. Четворица од овие пациенти се на интензивна терапија.

Според бројот на заразени во градови,најмногу се од Тирана или 63 лица,Фиер 8, Драч 6, по три лица во Корча и Каваја, и по две во Елбасан, Љушње и Рогожина.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски