Бројот на случаи продолжува вртоглаво да расте во Белгија, при што регистрирани се нови 586 заразени од коронавирусот во последните 24 часа, јави дописничката на МИА од Брисел.
Министерството за здравство на Белгија информираше и дека се регистрирани нови осум починати.
Вкупно Белгија има 3401 случај на потврдени заразени, но реалната бројка е сигурно повисока со оглед на тоа дека не се тестира целото
население.
Во последните 24 часа хоспитализирани се уште 1380 лица, од кои 290 на интензивна нега, а 76 се пуштени од болница.