(ВИДЕО) Градоначалникот на Дебар: Од 209 тестови, позитивни на коронавирусот се 36 лица

Од:

Градоначалникот на Општина Дебар, Хекуран Дука вели дека се земени 209 брисеви од кои 36 лица се позитивни на коронавирусот. Во домашна изолација во Дебар се 133 лица, информираше Дука.

Posted by Komuna Dibër – Municipality of Debar – Општина Дебар on Недела, 22 март 2020

„Земени се 209 брисеви, од кои позитивни се 36. 13 се сместени во Клиниката за заразни болести и 23 се во домашно лекување. 133 се во домашна изолација бидејќи се смета дека тие имале контакт со заразени лица. Институциите вршат контрола според својот план, а што се однесува до хигиената во градот, вршат редовно чистење и дезинфекција на улиците“, информираше Дука.

Тој упати апел до жителите на Дебар да не излегуваат во градот без потреба, да не се собираат повеќе од пет лица и да соработуваат со институциите.

„Здравствената екипа е на терен, тие вршат контрола. Во болницата се е под контрола. Се очекува соработка од граѓаните, да не се собираат во градот повеќе од пет лица и да да се држи растојание. Ако немаме соработка, нема да имаме успех во борбата со вирусот. ЕСМ испрати околу 1000 пакети со храна. Распределени се во повеќе населени места“ информираше Дука.

Од кризните подрачја ќе се евакураат косовски државјани кои престојувале во хотел, по по истекот на 14-дневниот карантин.

„Сите затекнати странски државјани од Косово кои престојуваа во хотелот во Бањиште, ќе се евакуираат според протоколот кога ќе заврши 14-дневниот карантин. Остануваат уште 5-6 дена во самоизолација“, додаде градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Би можело да ве интересира

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава