(ВИДЕО) Кедев: Од медицината научив дека најважно за здравјето на човекот е дисциплината

Од:

„Државата е пред најголемиот предизвик од своето постоење. Криза од досега невидени размери е пред нас. Македонија е пред нов предизвик. Здравствен и економски.

Да покажеме свесност, совесност и одговорност. Да покажеме дека можеме заеднички, да бидеме совесни, доблесни, одговорни и посветени.

Македонија тоа го знае и до сега покажала дека може, сега мора да покаже почитување кон себе.

Македонија бара брза реакција од секого, а најмногу од најодговорните. Потребни се итни економски мерки за спас на економијата, итни здравствени и санитарни мерки за заштита на здравјето на граѓаните како и почитување на светските здравствени мерки и препораки.

Македонија има потреба од одговорно и совесно однесување од сите нас, од сите нас граѓаните на Македонија. Затоа што секој живот вреди!

Заштитувајќи го своето здравје го штитите и здравјето на саканите, на семејството, но и на оние до вас. Јас знам дека Македонија може и мора да победи.

Следете ги препораките, заштитете се. Затоа што секој живот вреди!“, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од медицината научив дека најважно за здравјето на човекот е дисциплината, а од животот дека животот е време. Меѓутоа животот не е само тоа што го живееме туку како го живееме и што ќе запаметиме.

Во ова време на големи предизвици, во време на соочување со пандемија на заразна болест сите помагаме на општеството со личен пример, со личното однесување и постапување.

Мојот апел е да се однесуваме одговорно, свесно и совесно, да ги следиме препораките на стручните авторитети, и да запаметиме дека секој е господар на својот живот и сопственото здравје.

Докторите се за да помагаат за здравјето на сите нас, на нашите најблиски и на сите граѓани, меѓутоа сега е моментот кога сите ние треба со своето однесување и личен пример да помогнеме исто така на докторите.

Сето ова ќе помине нема потреба од страв, меѓутоа има потреба од одговорност. Затоа што секој живот вреди!“, изјави Проф. д-р. Сашко Кедев.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус