Фон дер Лајен: Да се реши застојот на границите

Од:

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека мерките потребни за да се спречи ширењето на коронавирусот, направија километарски гужви на границите, а луѓето и стоките се заглавени, во обид да стигнат до нивната дестинација.

– Важно е да го решиме ова сега, на почетокот на кризата, рече Фон дер Лајен во своето дневно видео обраќање.

Таа посочи дека има редици, долги десетици километри на некои европски граници, и дека на преминување на границата се чека и повеќе од 24 часа.

Таа рече дека ЕУ внимателно ги следи случувањата на границите, вклучително и преку сателитски снимки и дека разговорите со земјите-членки веќе покажуваат резултати.

– Имавме голем метеж на границата меѓу Словенија и Хрватска, но сега патиштата се проодни, посочи Фон дер Лајен. Таа верува дека ова е добар пример како соседните земји можат да најдат прагматични решенија.

Таа додаде дека се работело и на блокадите на патиштата кои постоеле на границите на Полска, Чешка, Германија и Литванија и дека на граѓаните на балтичките земји им било овозможено да се вратат во своите домови.

– На границата меѓу Унгарија и Романија имаше застој во сообраќајот повеќе од 20 километри. Треба да најдеме решение за многу бугарски и романски граѓани кои се обидуваат да се вратат дома, а камионите со стока треба да го продолжат патувањето, рече Фон дер Лајен.

Европската комисија предложи создавање на таканаречени „зелени линии“ кои би биле исклучиво наменети за товарниот транспорт и испорака на стоки неопходни за непречено функционирање на единствениот европски пазар.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска