Се надевам дека надлежните навреме ќе донесат одлука која што ќе не упати како да постапуваме понатаму која што ќе не упати како да постапуваме понатаму. Се дотогаш ДИК ќе си ја извршува својата работа, изјави денеска претседателот на ДИК Оливер Деркоски по кусата седница на која беа потврдени и кандидатските листи на Партија Твоја за три изборни единици.
– Утврдени се 15 листи за наредните вонредни или не знаеме какви ќе бидат наредните параментарни избори. Се надевам дека надлежните навреме ќе донесат одлука која што ќе не упати како да постапуваме понатаму, а се до тој момент ДИК колку и да се допаѓало некому или не, ќе си ги извршува своите законски овластувања, истакна Деркоски.
Партија Твоја во законскиот рок достави кандидатски листи за три изборни единици и тоа за Првата, чиј носител е Мирјана Најческа, за Втората каде носител е Ѓорѓе Марјановиќ и во Петата, чиј носител е Илија Тодоровски. Редниот број на овие кандидатски листи на изборното ливче е 15, согласно заклучокот од вчера на ДИК.
ДИК веќе ги потврди останатите 14 листи за парламентарните избори.