Хамнеи: Американските санкции се во корист на Иран

Од:

Во телевизиското обраќање до нацијата по повод почетокот на Иранска нова година, врховниот верски лидер, ајатолах Али Хамнеи истакна дека американските санкции поридонеле Иран да стане самоодржлива држава.

Тој ги поивка Иранците да го одржуваат единството.

– Обединети зад себе оставаме многу тешка година. Благодарен сум на Иранците, кои демонстрираа единство и солидарност. Оваа Нова година ќе ја наречеме година на производството, посочи Хамнеи.

Тој додаде дека Иран има корист од американскуте санкции.

– Санкциите придонесоа да оствариме самоодржливост во сите сфери, посочи Хамнеи.

Би можело да ве интересира

Иранската војска ги подготвува ракетните системи со долг дострел по заканите на Трамп

Горан Наумовски

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Иран објави снимка од подземен ракетен град

Закана од Иран: Доколку непријателите згрешат, ќе ги испратиме во длабочините на пеколот

Силен земјотрес го погоди дел од Иран во близина на иранска нуклеарна централа