Стипендии за Роми првоодделенци во 2019/2020

Од:

Во рамки на проектот „Редовно на часови: Акција за вклучување на Ромите во основното образование“, финансиран од Европската Унија, доделени се 286 стипендии на ученици Роми запишани во прво одделение во учебната 2019/2020 година.

Стипендијата е за период од една учебна година и изнесува 400 евра годишно. Наменета е за покривање на трошоците за школување на децата, храна, облека, училиштен прибор и материјали, спортска и друга опрема за воннаставните активности на децата.

Проектот „Редовно на часови“ е спроведен од Фондацијата Отворено општество – Македонија заедно со партнерите – Здружението Центар за образовна поддршка „Дендо вас“ и Фондацијата за образовние и културни иницијативи „Чекор по чекор“.

-На повикот за стипендирање пристигнаа вкупно 955 пријави. Право на стипендија имаа ученици Роми кои се запишани во прво одделение во учебната 2019/2020 година, чии семејства се приматели на социјална помош, која е поврзана со приходите на семејствата. Следејќи ги овие критериуми, стипендии се доделија на вкупно 286 ученици, од кои 55 проценти се девојчиња, а 45 проценти се момчиња. Стипендистите доаѓаат од 55 основни училишта од 27 општини, соопшти Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Фондацијата посочува дека доделувањето на стипендиите ќе овозможи намалување на финансискиот трошок на ромските семејства поврзан со школувањето на нивните деца.

Редовните ученици ќе можат да ја задржат стипендијата за тековната година, a оние кои успешно ќе преминат во следното одделение ќе имаат можност да ја обноват за следните две учебни години.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска