Спасовски: Утре сѐ продолжува да функционера во секојдневниот живот исто како и денес

Од:

Во вонредна состојба државата и општеството продолжуваат да функционираат, а правата и слободите не се ограничуваат по автоматизам, истакнува премиерот Оливер Спасовски во објавата на Фејсбук.

Тој посочува дека вонредната состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски ѝ дава можности на Владата да обезбеди услови за брзо и ефикасно спроведување на мерките за превенција и заштита на здравствената состојба на граѓаните, како и услови за стопанството и економијата нормално да функционираат.

– Оваа одлука не значи никаков застој во слободниот транспорт, ниту во делот на прехранбените потреби на граѓаните, ниту во делот на снабдувањето на болниците и аптеките. Утре сѐ продолжува да функционера во секојдневниот живот исто како и денес.

Нема одлука за нови рестрикции во движењето и извршувањето на професионалните обврски на граѓаните. Исклучок од ова, сега за сега, се само подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, бидејќи тие региони се утврдени жаришта на вирусот и таму имаме кризна состојба. Ќе направиме сѐ оваа состојба колку што може побргу да се смени на подобро.

Остануваат мерките со кои се забранети сите јавни собири на отворено и во затворени објекти. Сега ќе се засилат контролите спроведувањето на овие мерки за доброто на граѓаните.

За секоја нова одлука што ќе се носи и што ќе биде поврзана со вонредната состојба јавност ќе биде информирана на редовна дневна основа, а за спроведување на тие одлуки ќе бидат донесени соодветни упатства и врз основа на тоа ќе биде многу јасно кој и како треба да се однесува.

Какви одлуки ќе се носат, ќе зависи од сите нас. Од тоа како се однесуваме. Ако почитуваме мерки, ако ги следиме препораките, за заштитата на нашите семејства и за наша лична заштита и за заштита на околината во која живееме, тогаш ќе поминеме многу полесно, порачува премиерот Оливер Спасовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Спасовски: СДСМ бара зголемување на платите на полициските службеници и сите вработени во МВР

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево