Претставникот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Харлем Дезит ја поздрави одлуката на азербејџанските власти да го ослободат независниот новинар Авган Мухтарли, кој претходно беше осуден на шест години затвор.
Мухтарли беше киднапиран во мај 2017 година во Тбилиси, Грузија и потоа беше спроведен во Баку, каде е осуден за шверц, илегални премини преку граница и пружаење отпор на службено лице.
Претставниците на ОБСЕ за слобода на медимите го надгледуваат медумскиот сектор во 57 земји-членки на Организацијата, предупредувајќи на кршење на слободата на изразување и на медиумските слободи и следат дали земјите-членки во целост се придржуваат на сите одредби за слободдна медиумска сфера.