Во Белгија регистрирани 185 нови заразени од коронавирусот, досега вкупно десет мртви

Од:

Последните информации од здравствените власти на Белгија за потврдениот број на заразени од Ковид-19 покажуваат дека епидемијата не стивнува, јави дописничката на МИА од Брисел.

Детектирани се нови 185 случаи на зараза, од кои за осум не се знае од каде потекнуваат, односно не се лица кои се вратени од ризични подрачја или имале контакт со ризични лица. Со ова се потврдува дека вирусот локално се шири.

Вкупниот број на потврдени случаи со коронавирус во Белгија сега изнесува 1.243, но извесно е дека реалниот број е поголем, бидејќи не се тестира целото население.

Шестнаесет илјади тестови се реализирани до сега од почетокот на епидемијата.

Властите пренесуваат дека вчера починале уште петмина пациенти, вкупниот број мртви од коронавирусот во Белгија сега изнесува десет.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски