ВМРО-ДПМНЕ: Владата да воведе мерка за бесплатни маски за заштита и дезинфекциски средства

Од:

„Не постои ништо поважно од здравјето на граѓаните. Сите мора да се кренат над личните и политичките интереси и да покажат одговорност кон овој приоритет. Борбата за власт по цена на животите и здравјето на граѓаните е неприфатлива.

Никој ме смее да калкулира во кризна состојба која носи директни ризици за ширење на вирусот. Затоа ВМРО-ДПМНЕ повикува без колебање да се постапува одговорно од страна на политичките партии во Македонија, бидејќи интересот на граѓаните е најважен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Здравствениот тим на партијата повикува и апелира сите институции на системот да се однесуваат одговорно и со крајна внимателност да ги следат препораките коишто доаѓаат од релевантните меѓународни институции.

Заштитата и превенцијата е нужна за да не се дозволи ескалирање на состојбата. Потребно е владата да воведе мерка за бесплатни маски за заштита и дезинфекциски средства кои би биле достапни за сите граѓани вклучително и за оние коишто не можат да си дозволат истите да ги набават.

Здравствениот тим на ВМРО-ДПМНЕ предложува да се превземат и специјални мерки за движење на стока, како и за работа на маркетите и продавниците, да се воведе правилото „од метар ипол“ растојание.

Справувањето со оваа ситуација на пандемија, ќе биде значајно за државата и пресудно за здравјето на граѓаните. Не смее да има простор за грешки и импровизации на надлежните институции. Здравјето на граѓаните е пред се и секој живот вреди, затоа владата да ги прифати укажаните предлози и истите да се спроведат за да се забави и спречи ширењето на вирусот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус