Европската комисија соопшти дека потпретседателот на оваа институција, Франс Тимерманс, одлучил да се стави самиот во карантин до 20 март.
Тимерманс минатата недела имал состанок на 6 март со француската државна секретарка за екологија, Брин Поарсон, која е тестирана позитивно на коронавирусот.
-Тимерманс е во добра општа состојба и не покажува симптоми, соопштија од Европската комисија.
Неизвесно е меѓутоа со колку од другите еврокомесари тој бил во контакт и дали тие се сега ризични.
Портпаролот Ерик Мамер соопшти дека ниеден друг еврокомесар не се наоѓа во карантин моментално, “затоа што нема индикации дека потпретседателот е заразен“.
Самоизолацијата на 58-годишниот Тимерманс е негова лична иницијатива иако тој се чувствува „одлично“.