Техничката заминик-министерката за внатрешни работи, Славјанка Петровска заедно со Одделот за специјални задачи го посети безбедносниот пункт Бошков мост кој се наоѓа пред Дебар. Таа вели дека во текот на изминатата ноќ, во кризиниот регион немало никакво нарушување и било мирно.
„Дотурот на храна и други неопходни производи се одвива според утврдените безбедносни протоколи. Централните институции и локалната власт заедно се грижат за населението кое се наоѓа на територија на кризните подрачја. Им благодарам на граѓаните за дисциплината и смиреноста, а на припадниците на МВР, ДСЗ, здравствените работници и сите вклучени за професионалноста и посветеноста“, информираше Петровска.