Во САД, резултатите од тестовите покажале дека претседателот Доналд Трамп не е носител на новиот коронавирус. Тоа го соопшти неговиот личен лекар Шон Конли.
Трамп со денови одбивал да биде тестиран и покрај тоа што бил во директен и во индиректен контакт со неколку лица кои имаат коронавирус, вклучувајќи тројца со кои минатиот викенд го минале во неговиот клуб Мар-а-Лаго на Флорида. Освен тоа, надвор од протоколите, тој се поздравуваше со луѓе на прес-конференција.
Трамп во текот на вчерашниот ден се согласи да биде тестиран, а Белата куќа извести дека резултатите се негативни.