Раководството на англиската фудбалска Премиер лига в четврток ќе одржи итен состанок за да развие план за преостанатиот дел од сезоната.
Еден ден порано, состанок ќе одржат клубовите кои настапуваат во првенствата организирани од ЕФЛ (Англиската фудбалска лига).
До четврток, клубовите од Премиер лигата се очекува да добијат повеќе информации, бидејќи во вторник ќе има состанок на УЕФА (Европската фудбалска федерација).
Натпреварите во Англија се прекинати барем до 4 април, поради ситуацијата со коронавирусот.