Од утре Албанија ја затвора границата со сите соседни држави

Од:

Од утре на полноќ Албанија ќе биде целосно изолирана. Премиерот Еди Рама најави дека копнената граница на Албанија ќе биде отворена само за транспорт на стоки.

„Од утре, недела на 15 март на полноќ, 00:00 часот, целосно се забранува влез во Албанија од Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Грција за сите патници со автобуси, микробуси или автомобили! Копнената граница на Албанија ќе остане отворена единствено за транспорт на стока. Страв ни најамалку, внимание да! напиша Рама на социјалните мрежи.

Во Албанија, според Mинстeрството за здравство, до сега регистрирани се 38 лица заразени со коронавирус, едно лице почина додека две се во тешка здравствена состојба.

Министерката за здравтсво Огрета Манастрилиу преку Фејсбук попладнево упати апел до лекарите, медицинските сестри и студентите по мидицина.

„Секој што мисли дека може да му подаде рака на здравствениот систем, се замолува да се придружи што побрзо. Колку побргу делуваме, толку побрзо ќе можеме да се вратиме во нормала,напиша министерката.

Претходно премиерот Еди Рама ги повика пензионираните лекари специјалисти кои се во можност да дојдат во здравствените установи,за што ќе добијат награда од по 1.000 евра плус од пензијата.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Рама побара поддршка од албанската дијаспора во САД за негов четврти мандат

А1он

Силен земјотрес ја погоди Албанија