На „Стемфорд Бриџ“ и на „Вајт Харт Лејн“ во Лондон вечерва ќе се одиграат два од четирите натпревари во фудбалската Лига на Европа.
Челзи ќе му биде домаќин на Рубин Казан, додека Тотенхем ќа го пречека Базел.
Третиот англиски претставник кој се најде помеѓу осумте најдобри во ова натпреварување, тимот на Њукасл гостува во Лисабон кај Бенфика.
Програмата со првите четвртфинални средби ќе биде комплетирана со средбата во Истанбул каде на Фенербахче го пречекува Лацио.
Почетокот на сите натпревари е во 21 часот и 5 минути.