Османи за изборите: Ние ќе ја продолжиме оваа борба за еднаквост, поквалитетен живот, повисоки плати, работни места

Од:

„Претстојните избори на 12 април се од големо значење. Граѓаните ќе одлучуваат за иднината на нашата земја; тие ќе одлучат за својата иднина. ДУИ влегуваво оваа изборна трка полна со доверба. Ние сме горди и мотивирани и продолжуваме да се надградуваме на досега постигнатите активности во изминатите години –на спроведувањето на Охридскиот договор, на договорот со Бугарија и Преспанскиот договор, како пат за влез во НАТО и за членство во ЕУ. Законот за јазиците беше последниот голем чекор за рамноправност на нас Албанците, и ако сè уште се соочуваме со предизвици за да постигнеме вистинска еднаквост, во судството и во другите полиња од нашиот живот. Да, вистина е дека можеме да направиме уште повеќе, и уште подобро. Ние ќе ја продолжиме оваа борба за еднаквост, а особено ќе се фокусираме на работни места за сите, на повисоки плати и поквалитет живот за сите граѓани, како и за евроатлантските интеграции. Горди сме што ве претставуваме вас граѓаните, и да сториме сè што можеме, за да го подобриме квалитетот на животот на Албанците во Северна Македонија“, рече Бујар Османи на прес-конференцијата.

„100% ветинг, 98% нови лица и 49% жени – ова не се само бројки, туку се обележја/пресвртница на политикатавонашата земјата и ветување за иднината. Со овој обновен список, одобрен од илјадници наши активисти и со поддршка на народот, ДУИ е силно подготвена за изборната кампања. Но, во моментов, не станува збор само за политика. Постојат поголеми предизвици отколку предизборната кампања. Станува збор за здравјето. Станува збор за заштитата на здравјето на нашите граѓани . Поради моменталната состојба со Корона вирусот КОВИД-19, на прв план се потребите на граѓаните. Сега, солидарноста е тона што е потребно во нашето општество. Како најголема албанска партија и како претставници на албанските граѓани, ние имаме посебна одговорност и наша должност е да работиме за доброто на нашите граѓани. Треба да ги заштитиме оние што се најранливи и да се грижиме за тие кои имаат потреба. Затоа решивме да ја посветиме целата наша организациска структура за потребите на луѓето. Под мотото #СЕГРИЖИМЕ ќе обезбедиме поддршка за секој граѓанин без разлика на партиска припадност, кој што треба да останат дома според препораките на Владата“, додаде Бујар Османи.

„Ја воспоставивме телефонската линија #СЕГРИЖИМЕ 0 800 55 000. Ги покануваме сите граѓани, на кои им е потребна помош одсекојдневни потреби, како што е испоракананамирници и лекови или превози кои се од суштинско значење за нивниот животот, да се јават на нашата отворена телефонска линија и на нашите волонтери ангажирани локално, кои ќе ја дадат целата можна поддршка. Отворената линија #СЕГРИЖИМЕ 0 800 55 000 веќе од сега е ставена во функција, а нашите волонтери се подготвени да ги преземаат вашите повици за ваша поддршка секој ден од.. Сакаме да нагласиме, дека оваа услуга е наменета како поддршка за граѓанитекои припаѓаат во високо-ризичната група, кои треба да останат дома паради безбедносни здравствени причини. За информации во врска со COVID-19 или за медицински помош, јавете се на официјалните телефонски линии. Исто така, ги покануваме сите што се подготвени да помогнат, без оглед на партиска припадност, да се јават и да се регистрираат како волонтери. Сега е време за солидарност, сега е време да обединиме како општество. Со #СЕГРИЖИМЕ воспоставуваме систем на поддршка за да се осигураме, дека никој не останува незгрижен, дека никој не е оставен сам во оваа сериозна ситуација“, потенцираше рече Бујар Османи на прес-конференцијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се во паника и без визија

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Aлбански народ ќе го брани албанскиот јазик што е постигнат со пожртвуваност

ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба

А1он

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се партиски кандидати

Катерина Ѓуровски