А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Партиите во последните часови пред завршување на рокот ќе доставуваат листи во ДИК

by А1он12/03/2020 - 20:30527
Share0

Дежурни службеници на Државната изборна комисија (ДИК) вечерва до полноќ ги очекуваат кандидатските листи од политичките партии и коалициите кои ќе учествуваат на предвремените парламентарни избори закажани за 12 април.

Добивај вести на вибер

До 19 часот листи имаа поднесено само четири политички субјекти, а според најавите поголемите политички субјекти како СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и други до полноќ треба да ги достават листите. Според Изборниот законик, листите што ќе бидат доставени по полноќ ќе бидат отфрлени.

Листи досега имаа доставено Работничката партија за шест изборни единици, ГДУ за пет изборни единици, Глас за Македонија за пет изборни единици и Демократи за сите шест изборни единици.

Кандидатските листи ќе подлежат на проверка, по што тие треба да се потврдат.

По поднесувањето на кандидатските листи ДИК проверува дали се доставени во предвидениот рок и дали се составени согласно Изборниот законик.

ДИК исто така проверува дали предложените кандидати ги исполнуваат условите пропишани во Уставот и во член 7 став 2, 3 и 4 од Изборниот законик, преку соодветните регистри и евиденции на надлежните институции. Овие институции се должни во рок од 24 часа електронски до ДИК да ги достават бараните податоци за кандидатите. Ова е новина за Комисијата, која се воведе со последните измени на Изборниот законик.

Доколку се констатира дека листите се во согласност со одредбите од Изборниот законик, тие се потврдуваат најдоцна 48 часа од приемот на бараната документација од институциите.

ДИК има пропишано и рокови за остранување на евентуални неправилности или замена на кандидати доколку тоа е потребно. Листите што ќе бидат поднесени по рокот ќе бидат отфрлени.

Редоследот на листите на партиите и коалициите на избирачкото ливче се утврдува со ждрепка и тој број е ист во сите изборни единици. Жрепката треба да се одржи најдоцна до 20 март, а листите треба да бидат официјално објавени на 21 март.

Изборната кампања започнува на 23 март, а завршува на 10 април на полноќ.

Како што веќе објавија, најголемите политички партии и коалиции свои кандидатски листи ќе имаат главно во сите шест изборни единици. По денешната седба на техничкиот премиер со лидерите на политичките партии, беше соопштено дека нивните активности и кампањата ќе биде согласно мерките пропишани поради Ковид-19. Се очекува промоцијата на кандидатите најчесто да се одвива електронски односно преку социјалните мрежи и мас медиумите.

dikizborilisti

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Горан Наумовски08/02/2026 - 13:50

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Горан Наумовски07/02/2026 - 21:09

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Горан Наумовски29/01/2026 - 15:14

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Горан Наумовски28/01/2026 - 12:23

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:14

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Горан Наумовски16/01/2026 - 10:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен