Се затвораат франкофонските универзитети во Белгија поради коронавирусот

Од:

Ректорите на франкофонските универзитети во Белгија одлучија попладнево да ги затворат универзитети, наставата продолжува онлајн.

Од идниот понеделник универзитетите ќе ги затворат кампусите и зградите, но нема да ги суспендираат предавањата, информираа ректорите.

Се замолуваат студентите да останат дома и да ја следат наставата од далечина, преку електронска платформа, а професорите треба да најдат начин да ги стават на располагање сите материјали, дали преку скрипти, снимени предавања, подкасти и слично.

Студентите треба да бидат подготвени за испитната сесија во јуни.

Пред неколку дена се затворија и сите главни студентски клубови во франкофонскиот дел на Белгија, за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски