Раководството на Формула 1 објави дека разговара за следните чекори, откако беше потврден случај на коронавирус во тимот на Мекларен.
Британскиот тим се повлече од Гран-при на Австралија.
Формула 1 и ФИА ги координираат следните чекори со властите.
Нашиот приоритет е безбедноста на навивачите, тимот и целиот персонал на патеката, напишаа од Ф1 на официјалниот Твитер.
Траката за Големата награда на Австралија е закажана претстојниот викенд.
Првата тренинг сесија треба да започне утре, а главната трка е предвидена за в недела.