Најмалку 46 лица загинаа а 1.500 се евакуирани во Ла Плата, во главниот град на аргентинската покраина Буенос Аирес, која изминатата ноќ ја погодија ненадејни силни поплави, соопштија властите.
Некои од жртвите се удавија откако останаа заглавени во автомобилите, а некои го изгубија животот од удари на струја, изјави гувернерот Даниел Сиоли.
Во Буенос Аирес, невремето однесе најмалку пет животи, а многу семејства ја поминаа ноќта на покривите на своите куќи.
Претседателката Кристина Фернандез ги посети поплавените подрачја и вети дека ќе испрати дополнителни полициски сили во областа, поради можни кражби.