А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Мери Јордановска
Македонија

Владата бара санкции за оние кои на социјалните мрежи објавуваат дезинформации за коронавирусот

by Мери Јордановска11/03/2020 - 18:3811/03/2020 - 18:39634
Share0

Министерот за здравство Венко Филипче ги соопшти дополнителните мерки и препораки на Владата, а во врска со коронавирусот.

Добивај вести на вибер

Па така, библиотеките, студентски и ученички домови ќе престанат со работа во наредниве 14 дена. Утврдени се и категориите на хронично болни лица, кои треба да добијат потврда од матичен лекар – станува збор за болните од хронични респираторни болести, малигни заболувања, тешки кардиоваскуларни заболувања, дијабет 1.

Понатаму, им се препорачува на сите вработени лица во здравствениот сектор да не користат годишни одмори, како и платени и неплатени отсуства за време на овој период.

Министерството за здравство телефонскиот број на „Ало докторе“ ќе го пренамени во кол центар, со цел да се зголеми капацитетот за информирање за коронавирусот. Собранискиот канал и Македонската радиотелевизија ќе бидат должни на дневна основа да ги објавуваат сите заклучоци од Владата во врска со препораките за коронавирусот, исто како и државната агенција МИА.

Се задолжува и МВР во текот на денот да објави соопштение дека ќе има соодветни мерки за сите лица кои на социјалните медиуми објавуваат дезинформации во врска со коронавирусот и за сите медиуми кои истите ги преземаат и ги објавуваат.

Сите вработени во државниот и јавниот сектор, а по препорака и во локалната самоуправа и приватниот сектор кои имаат деца под 10 години и ќе отсуствуваат од работа, ќе треба да достават доказ за оправдано отсуство, односно потврда од градинката/училиштето, копија од патна исправа за возраста на детето, потврда за редовен ученик или копија од свидетелство.

Понатаму, ќе има засилени контроли при излез од земјата, а задолжителна ќе биде и дезинфекција на сите градинки и училишта.

Вработените во МВР, Министерството за одбрана, противпожарните екипи, вработените во домовите за стари лица се изземаат од овие мерки.

koronavirusvenko filipce

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он21/02/2026 - 13:3421/02/2026 - 13:49

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

Предраг Петровиќ16/02/2026 - 20:57

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски16/02/2026 - 13:2116/02/2026 - 20:57

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он14/02/2026 - 14:0814/02/2026 - 14:09

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Горан Наумовски11/02/2026 - 20:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен