Полицијата и војската во Албанија од утре ќе биде на терен за да вршат контрола и да ги верификуваат сите оние кои ги кршат правилата за самоизолација, по враќањето од Италија или други земји погодени од „Ковид 19“.
Ова го најави премиерот Еди Рама преку видео-порака наменета за граѓаните, додавајќи дека секој што ќе ја прекрши препораката за самоизолација ќе биде казнет со парична казна од 5.000 евра и нема да му биде дозволено да се врати во местото каде што сега живее без да ја платат казната.
-Следете ги официјалните информации. Следете ги советите на здравствените власти, колку повеќе сме дисциплинирани денес, толку помалку проблеми ќе имаме. Не сме повикани да земаме оружје, туку сами да се заштитиме со домашна изолација. Оние што се вратиле од Италија и други погодени земји, во последните 14 дена, треба да се самоизолираат. Секој што ќе биде фатен на улица од утре ќе биде казнет со парична казна од 5.000 евра и ќе му биде забрането напуштање на земјава без да ја плати казната. Овие мерки не се залудни. Не се гледа, но е околу нас. Не е лесно да се ограничи слободата на движење,но треба да бидеме внимателни,порача Рама.
Тој упатува благодарност до сите оние кои ја почитуваат мерката и ги затвориле ноќни клубови, спортски сали, игротеки, пабови, диско и интернет клбови.
– Ова се нарекува граѓанство и човечка солидарност. Ако земјотресот однесе животи на 51 наш граѓанин , без предупредување, короната нè предупредува. Ќе ја минеме и оваа ситуација како онаа по земјотресот. Бидете мирни без страв и паника, но бидете внимателни!,вели Рама.
Посочува дека земјата е подготвена за овој момент, но и за полошо.
-Албанија нема да направи ниту повеќе, ниту помалку од другите. Позитивно земете ја оваа мерка за ограничување на слободата. Во очекување на враќање на нормалниот живот, наведува Рама.
Во Албанија денеска беше регистрирана првата жртва од корона врус, а заразени се уште 11 лица.