Американската кантри ѕвезда, Доли Партон изјави дека би сакала да се појави на насловната страница на магазинот „Плејбој“ кога ќе го прослави својот 75 роденден.
Пеачката која наполни 74 години на 19 јануари изрази желба за време на неодамнешното интервју за 60 минути Австралија.
На прашањето која година би ја сметала за добивање на „старосна пензија“, Партон рече дека воопшто не планира да замине во пензија.
„Само што наполнив 74 години, планирам повторно да бидам на насловната страница на списанието Плејбој“, рече Партон.
Пеачката се присети кога последниот пат бeше на насловната страна на магазинот во октомври далечната 1978 година.
„Гледаш, јас се појавив на Плејбој магазинот неколку години претходно, ако само би можела да се појавам на позадината повторно кога сум 75 годишна“, рече Партон.
Нејзиното прво појавување на Плејбој предизвика огромни реакции во јавноста кога пеачката беше облечена во класична зајачка облека со уши на зајак и бела пеперушка.