СДСМ: Мицкоски отиде кај менторот Груевски да му ги одобри листите за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Извршителот Мицкоски отиде на нови консултации кај својот ментор во Будимпешта Никола Груевски, да му ги одобри листите за пратеници.

Извршителот Мицкоски не смее да понуди ништо , тој само ги извршува наредбите на неговиот шеф, Никола Груевски. Дури ниту листите за кандидати за пратеници не смее да ги подготви без Груевски.

Листите за кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат во Будимпешта директно од криминалецот Груевски, Мицкоски само треба да ги донесе.

Е на таков извршител е сведен Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ја води Груевски, човекот којшто од Република Северна Македонија направи заробена држава, кој прислушуваше над 20 илјади граѓани, кој го зароби судството, монтираше судски процеси и нарачуваше пресуди.

Извршителот Мицкоски е само негова продолжена рака и има задачи да ги продолжува политиките на Груевски и да инсталира негови луѓе во Собранието на Република Северна Македонија.

Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу одговорните политики на СДСМ и претседателот Заев што носат напредок, економски развој и интеграција и деструктивното делување на Мицкоски кој го брани криминалот, изолацијата и обновата на режимот, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: СДСМ тврди дека Владата ќе го прифати Францускиот предлог, Владата реагира дека се хистерични

Катерина Ѓуровски

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

СДСМ: Скопје има градоначалник на екскурзија – исто како и неговиот шеф!

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар