Околу 600 жители се евакуирани од градот Барбан, во југозападниот дел на Шпанија, поради опасност од поплави, додека поројните врнежи продолжуваат во поголемиот дел од земјата.
Шпанската национална телевизија објави дека жителите на градот Барбан на околу 350 километри југозападно од Мадрид, изутринава со автобуси се пренесни во околните градови бидејќи насипот на реката Гвадијана се урнал и водостојот е зголемен.
Долготрајните поројни врнежи предизвикаа поплави на локалните земјоделски насади и патишта во голем број области во јужниот и западниот дел на Шпанија, каде течат реките Гвадалкибир и Дуро.
Шпанските спасувачки служби вчера имале повеќе итни интервенции и спасиле најмалку 12 лица.