Феминистичките здруженија обвинуваат за полициско насилство за 8 Март во Париз

Од:

Илјадници лица синоќа учествуваа на ноќниот марш за „народниот антирасистички феминизам“ во Париз, на повик на повеќе феминистички здруженија. Силите на редот употребија сила и се обидоа да ја растурат манифестацијата со употреба на солзавец, јави дописникот на МИА.

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, рече дека е „шокиран“ од „неприфатливото и неразбирливото насилство“ и им изрази поддршка на учесниците на манифестацијата.

Феминистките беа удирани од полицијата додека тие демонстрираа, особено против сексуалното насилство. Полицијата уапсила девет лица и употребата на насилството го оправдува со оштетувања и обиди за тргнување на недозволени поворки, а околу 200 учеснички на манифестацијата скандирале антиполициски пароли.

Во текот на денешниов ден во Париз и повеќе француски градови се одржаа демонстрации во чест на меѓународниот ден на жената.

Четириесетина активисти од феминистичкото движење „Фемен“ денеска, симболично сакаа да ги „исчистат улиците на Париз од патријархалниот вирус“ за време на акцијата на плоштадот Конкорд во позадината на коронавирус.

Со голи гради, покриени со пароли, во комбинезони, очила и нараквици алудирајќи на здравствените работници соочени со новиот коронавирус, со плакати и факели в рака, тие ја осудија „патријархалната пандемија“ што е на сила според нив во светот. Статистиката покажува дека секои седум минути една жена е силувана, а секои 48 часа една жена е убиена во Франција.

Би можело да ве интересира

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад

Демонстрантите истурија фекалии во Градското собрание на Нови Сад

Горан Наумовски

Протест во Нови Сад: Демонстрантите фрлаа црвена боја кон Градското собрание, неколку инциденти пред просториите на СНС

Горан Наумовски