Wizz Air ги суспендираше рутите за Милано, Тревизо и Бергамо

Од:

Wizz Air, најзелената авиокомпанија во Европа и најголемиот ниско-буџетен превозник во Централна и Источна Европа, денеска објави дека рутите за Милано, Тревизо и Бергамо ќе бидат суспендирани, поради затворањето на северниот дел на Италија, со цел да го спречи ширењето на Корона вирусот.

Летовите од Скопје и Охрид кон горенаведените италијански градови ќе бидат прекинати до 3 април.

Од компанијата информираат дека патниците кои имаат направено резервација во овој период ќе бидат автоматски известени и ќе бидат сместени на алтернативни рути во најрано можно време. Сите оние кои имаат букирано директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електорнска пошта, каде ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосен повраток на нивните средства или 120% повраток на цената во кредити.

Патниците кои имаат резервирано преку туристички агенции – вклучувајќи ги онлајн туристичките агенции – треба да стапат во контакт со компанијата преку која ги купиле нивните билети.

Би можело да ве интересира

Македонците во странство потрошиле пола милијарда евра, онлајн најмногу се купува на „Букинг“ и „Виз Ер“

A1on

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска