Карлос Тевез го бакна Марадона во уста пред натореварот за титулата, а откога заврши мечот тој објасни зошто го направил тоа.
Пред почетокот на мечот помеѓу Бока и Химназија, Тевез му пријде на легендата на аргентинскиот фудбал и го бакна во уста.
Бакнежот „ја вознемири“ цела планета, а многумина се прашуваа зошто го направил тоа.
„Знаев дека морам да го бакнам Диего, затоа што ќе ми донесе среќа. Понекогаш човекот мора сам да ја побара“, рече Тевез по натпреварот кој на Бока и ја донесе 34. титула на Аргентина.