ДИК: Само со приложени факти ќе се разгледуваат евентуалните приговори за изборите

Од:

Членовите на ДИК  упатија порака до учесниците на изборите на 12 април дека нема да прифаќаат наменски приговори за повреди на постапката на денот на изборите и за сумирање на резултатите само за да се кочи и злоупотребува процесот.

ДИК донесе упатство за начинот постапката за решавање на преговори.

Новина е тоа што Комисијата ќе одлучува само за повреди на постапката на денот на гласањето и сумирање на резултатите и дека приговорите од учесниците на изборите односно нивните овластени претставници ќе бидат доставени до ДИК треба да содржат факти и конкретен опис на евентуалните неправилности.

Членот на ДИК, Борис Кондарко потенцираше дека оние што ќе го поднесуваат приговорот и учесниците што забележале евентуални неправилности треба да го наведат она што го виделе.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски беше дециден дека Комисијата нема да прифаќа наменски приговори само за да се кочи изборниот процес и оти ќе мора евентуалните приговори да содржат факти и податоци, како и дека Комисијата само на тој начин ќе работи.

На седницата беше усвоено и упатство за начинот и постапката за решавање на приговори кои се во надлежност на општинските изборни комиси.

Од овие избори нова надлежност на ОИК е да одлучуваат по приговори за лично избирачко право.

Како што беше појаснето, доколку граѓанинот го нема во Избирачкиот список, тој ќе треба да пополни образец што ќе претставува доказ за Општинската изборна комисија до која ќе го достави приговорот.

ОИК по приговорот ќе треба да решава по него во рок од четири часа по поднесувањето.

Од оваа година исто така ќе се организира гласање во старските домови.

До сега, како што информираа од ДИК, пријави за гласање кое ќе се организира на 11 април, има од 18 старски домови.

ДИК на седницата прифати три барања за набљудување на изборите и тоа за четворица претставници на Меѓународната фондација за изборни системи ИФИС, канцеларија во Северна Македонија, за 18 претставници на МОСТ и за 33 набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%