А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ и Беса ги утврдуваат заедничките кандидатски листи за изборите

by А1он06/03/2020 - 15:29599
Share0

Покрај изборот на кандидати кои би се нашле на изборните листи на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април, во СДСМ паралелно се одвиваат и разговорите со БЕСА за утврдување на заедничките кандидатски листи, велат од партијата.

Добивај вести на вибер

Според нив разговорите ќе се одвиваат се до КОнгресот на СДСМ организиран за 9 март.

Има интензивна работна атмосфера во СДСМ, а ќе има и викендов, се до понеделник кога ќе ги заокружиме сите шест кандидатски листи, соопшти генералниот секретар на СДСМ,Николовски одговарајќи  на новинарско прашање.

– Разговараме за интегрирање на програмските потенцијали, односно програмските понуди, кои исто така треба да бидат верифицирани и на Конгресот на СДСМ и во телата на БЕСА. Овие процеси се одвиваат согласно динамиката, согласно роковите и договорот што е постигнат меѓу претседателите е цврста гаранцијата дека на следните избори со сигурност ќе имаме заеднички листи првпат и оти многу лесно ќе бидат утврдени местата и позициите, рече Николовски.

Пред се, како што истакна, е битен и квалитетот на кадровскиот потенцијал.

– Битно е за граѓаните какви кадри нудиме. Ние го утврдивме принципот 50-50, како прва политичка структура, најголема. На листите ќе имаме 50 отсто жени, 50 отсто мажи. Ќе имаме сосема отворени листи што ќе бидат една слика за целокупното наше општество. СДСМ има и свои кандидати кои се Албанци. Ќе бидат застапени сите етнички заедници. Паралелно ги завршуваме разговорите и со сите други останати коалициски партнери, нагласи Николовски.

Најави дека ова ќе биде, како што рече, најголемата победничка предизборна коалиција. – Не само поради тоа што сме со БЕСА заедно и што е нов квалитет на целокупната наша понуда и е една силна гаранција дека оваа коалиција со сигурност, веќе тоа сите го знаат по реакциите, дека го добива мандатот за формирање Влада. Ова ќе биде најголема коалиција која настапила на било кои парламентарни избори, рече Николовски.

Николовски информира дека  СДСМ завршува внатрепартиската постапка и процедура и во делот на предлагање од ниво на месни одбори до утврдувањето на потенцијалните кандидати  од страна на општинските организации.

Николовски соошти дека досега се евалуирани над 750 кандидати кои имаат поднесено кандидатури во СДСМ, без оглед дали се членови на партијата, поддржувачи, активисти, индивидуалци, интелектуалци, кои на отворената понуда, постапка и транспарентен однос од наша страна навистина пројавија интерес.

– Отвораме една нова страница, нов квалитет во политичкото одлучување, во развојот на кадрите, во селекцијата итн, потенцира Николовски.

Како што истакна, има загарантирани места за коалициските партнери на СДСМ, но и тоа ќе го соопштат на Конгресот, кога ќе ги заокружат сите одлуки на Извршниот и на Централниот Одбор. Места и позиции се разговараат, пред се, меѓу претседателите на политичките партии, но битен е и квалитетот на целокупната постапка, рече Николовски

besaizborisdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

Катерина Ѓуровски09/02/2026 - 12:29

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Горан Наумовски08/02/2026 - 13:50

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски08/02/2026 - 11:3308/02/2026 - 12:45

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Горан Наумовски07/02/2026 - 21:09

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски07/02/2026 - 10:5807/02/2026 - 11:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен