А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Тестовите на коронавирус на двајцата странци се негативни

by А1он05/03/2020 - 16:15397
Share0

Министерството за здравство информира дека се негативни тестовите на двајцата странци, едниот државјанин на Сингапур, другиот на Австралија, кои од 28 февруари престојуваат во Скопје.

Следете a1on на Instagram Instagram

Денеска по пријава на хотелот, епидемиолозите од Центарот за јавно здравје – Скопје од пациентите зеле брисеви за тестирање во нивната хотелска соба, каде што тие останале до добивањето на резултатите.

„Во текот на денешниот ден бил направен и контролен тест на единствената заболена пациентка од коронавирус и нејзината ќерка, со која таа е во контакт и двете во изолација на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Тестот на пациентката е негативен на коронавирус, што значи дека опаѓа нејзината инфективност, но согласно процедурата, истиот ќе биде повторен по 48 часа. На корона е негативна и нејзината ќерка“, се вели во соопштението на Министерството.

На денешната прес-конференција, Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, информираше дека утрово на редовниот состанок со Комисијата за заразни болести и формираниот комитет за следење и информирање за состојбата со корона вирусот било предложено Владата да ја продолжи препораката за неодржување на јавни масовни собири и спортски натпревари без публика, до 13 март. Препораката ќе биде ставена на дневен ред на утрешната седница на Владата.

Следете a1on на Youtube YouTube

На барање на Министерството за здравство во соработка со мобилните оператори, сите патници од странство, при влез во нашата држава, ќе добиваат СМС порака со препорака да се јават на телефонскиот број на Институтот за јавно здравје доколку имаат симптоми на вирусот, независно на кој од четирите оператори ќе се поврзат.

infektivna klinikakoronavirusministerstvo za zdravstvovenko filipce

Би можело да ве интересира

Уште една жртва од западно нилска треска во Македонија

А1он16/10/2026 - 19:58

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он15/10/2026 - 20:52

МЗ: Околу 25.000 граѓани се пријавиja за вакцинација против сезонски грип

А1он15/10/2026 - 15:4215/10/2026 - 15:47

На Инфективната клиника почина пациентка со западно-нилска треска, уште една е во тешка состојба

Горан Наумовски14/10/2026 - 14:5714/10/2026 - 14:58

Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните

Катерина Ѓуровски11/10/2026 - 13:4511/10/2026 - 15:21

Македонија обоена во зелена боја за донирањето органи

А1он10/10/2026 - 21:0710/10/2026 - 21:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео