Канје Вест и неговиот неделен сервисен хор ја добија Париската модната недела, но наместо модата, овој пат фокусот беше на деведесетминутно поклонување на Исус.
Познатите ѕвезди од дизајнери, стилисти како и супермодели, се придружија на новото движење на пеачот Канје Вест.
Заедно ги движеа своите тела, пееја и ракоплескаа со своите раце.
„Службата“ започна со реченицата „Исус е крал“, а заврши со „Мелем во Гилеад“.
„Долго време ја стававме нашата вера и доверба во луѓето на сметка на материјалните работи, затоа тоа имаше лошо влијание врз нас вклучително и врз нашата облека“, пренесе магазинот „Вог“ од говорот на „новиот пастор“, Канје Вест.
Извршниот уредник на „Бизнис на Модата“, Лаурен Шерман напиша на својот твитер профил: „Господ дојде на Модната недела во Париз“.
First, Kanye’s Sunday Service. Now, everyone is walking on water at Balenciaga. God has come to Paris Fashion Week.
— Lauren Sherman (@lapresmidi) March 1, 2020
„Модните луѓе никогаш не биле толку возбудени во недела наутро во Париз“, напиша Ванеса Фридман, модната директорка и главниот моден критичар во Њујорк Тајмс.
The fashion people have never been this excited at 9:40 am on Sunday morning in Paris. #SundayService #PFW pic.twitter.com/a5QQjpeZJQ
— Vanessa Friedman (@VVFriedman) March 1, 2020
Христијанската служба на пеачот предизвика позитивни реакции во Франција и светот, многумина дадоа добри критики за „походот на Канје“.