Емил Павлов го освои златниот медал на силната карате Премиер-лига во Сацлбург, Австрија.
По тој повод Агенцијата за млади и спорт (АМС) организираше прием, на кој освен Павлов, присуствуваше неговиот тренер и селектор на репрезентацијата, Сашко Арсовски, како и претседателот на карате федерацијата, Горан Милковски.
Директорот на АМС, Дарко Каевски нагласи дека Агенцијата стои на располагање за сите потреби на Емил Павлов, и ќе ги овозможи сите потребни услови за одржување и подигање на формата за наредните настапи во Баку и ЕП во Париз, од каде се очекува обезбедување на норма за настап на ОИ во Токио.
Пет победи во пет борби, од кои во борбата за злато Емил направи пресврт во последните секунди и успеа да го сврти резултатот во своја корист и да го освои посакуваниот златен медал.
Во моментов Павлов е седми на Европската ранг листа, и за да обезбеди пласман на ОИ ќе мора да се избори најмалку за бронзен медал на претстојното ЕП, кое од 8-10 мај ќе се одржи во Париз.