Обезбедувањето на трговскиот центар во Манила се извини за заложничката драма

Од:

Филипинската полиција го опколи трговскиот центар во кој еден вооружен напаѓач утринава отвори оган, рани едно лице, и зема 30 лица за заложници.

Инцидентот се случи во „V“-Молот во Сан Хуан, во Манила, пренесоа американските медиуми.

Според последните информации, работниците на обезбедувањето на трговскиот центар се извиниле заради пропустот што дозволиле заложничка криза.

Како решение на настанатата криза тие ги понудиле своите оставки.

Напаѓачот е поранешен работник на обезбедувањето на молот, кој бил незадоволен затоа што бил отуштен од работа.

Интересно е дека напаѓачот се обидел своите поранешни колеги од обезбедувањето да ги убеди да преминат на негова страна.

Градоначалникот на Сан Хуан, Франсис Замора, за новинарите изјави дека напаѓачот како заложници држи околу 30 лица.

Тој додаде дека точниот број на заложници засега не се знае.

Замора наведе дека незадоволниот поранешен обезбедувач на молот ранил едно лице, кое сега е во стабилна здравствена состојба во блиската болница.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Спасувачите во Москва затекнале ужас: Сите познати детали од терористичкиот напад

А1он

ВИДЕО: Терористички напад во Москва, има мртви и ранети

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Иран: Бомби разнесоа колона луѓе, повеќе од 100 мртви

Сериозно предупредување: Огромен ризик од терористички напади на Божиќ во Европа

Нови детали за терористичкиот напад во Брисел